Чоколадото и останатите слатки предизвикуваат зависност, бидејќи можат брзо да го подигнат шеќерот во крвта, а ние веднаш се чувствуваме малку подобро и со повеќе енергија. Сепак, ова чувство трае само извесно време, а за да го одржиме, треба да внесеме уште чоколадо во организмот. И веќе влегуваме во маѓепсаниот круг на зависност. Во основа, нашето тело работи прилично едноставно. Тоа сака секогаш да биде во рамнотежа, а доколку не е, бара брзо снабдување со супстанци кои можат да ја вратат рамнотежата. Урамнотежената исхрана и редовниот режим помагаат да се прекине зависноста од слатки. Меѓутоа, ако јадеме несоодветна храна, нивото на шеќер во крвта може да варира, па нè обзема желбата за брзо засилување на енергијата.
Слично е и со цигарите. Ако прашате пушач што добива од цигарите, веројатно ќе ви посочи задоволство, исполнетост и општо добро чувство. Никотинот, кој претставува природна состојка на тутунот е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Користени во мали дози како оние што се добиваат од цигарите, стимулансите го активираат нервниот систем, што доведува до засилена возбуда и будност. Никотинот е и причината поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето.
Никотинот може да дејствува и како стимуланс и како средство за смирување, во зависност од состојбата на организмот и количината која се внесува. Ова може да објасни зошто некои пушачи велат дека цигарите им даваат енергија и ја стимулира нивната ментална активност, додека други тврдат дека пушењето им ја ублажува анксиозноста и ги релаксира. На пушачите на цигари им се препорачува да се откажат од оваа исклучително лоша навика која има многу негативни последици по здравјето. Докажано е дека понекогаш, токму поради зависноста од никотинот станува збор за залудна борба. Откажувањето од цигари и никотин во целост е најдобриот избор за пушачите.
Иако никотинот предизвикува зависност, тој не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамин, јаглерод моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување кај цигарите се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.
Иновациите во тутунската индустрија и научните достигнувања се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде чад, катран или високи количини на јаглерод моноксид. Научно докажаните алтернативи, како уредите за загревање на тутун кои се веќе четири години достапни на нашиот пазар, го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат, со што се намалува нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност, IQOS е подобар избор за полнолетните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.