Зошто не треба да размислувате само позитивно?

Пропагандата на “позитивното размислување”  предизвикува негативна реакција кај многу психолози.

Причината е очигледна – “позитивистите” ги отфрлаат негативните аспекти на реалноста, но и приврзаниците на песимистичката перцепција на животот често се непотребно радикални. Може да се каже дека и двете страни истовремено се во право и не се во право.

pesimizam -optimizam

Позитивните страни на реалниот песимизам

Песимистичкиот поглед дава поголема внимателност и претпазливост при донесување на одлуки, а несаканите последици не можат да го удрат човекот со негативни очекувања толку силно.

Вистинскиот песимист е подготвен за различни излези. Според експериментално потврдени податоци, умерените песимисти се социјално поуспешни отколку оптимистите.

Размислувањето за проблемите дозволува поцелосно да ги разбереме и да се осврнеме на нив, пронаоѓајќи правилни одлуки.

Умерените песимисти се во можност да ја забележат во себе сопствената сенка (по Јунг – негативната страна на личноста).

res1214annuityanalyticsmi600-resize-600x338

Позитивните страни на реалниот оптимизам

Оптимистот ја разгледува ситуацијата во поширока перспектива и е способен да не се фиксира над пречките и границите;

Кај оптимизмот постои поттик за надминување на пречките;

Оптимистичкиот поглед ја намалува количината на предрасудите;

Оптимистот се потпира повеќе на себе, на своите сили и помалку ги обвинува околностите за своите проблеми;

Кај оптимистите се набљудува корелација (зависност, врска) помеѓу позитивен став, добро расположение и добро здравје;

Огнениот оптимистички став помага за намалување на степенот на ризик, како и намалување на стравот. Бестрашниот човек почесто ги достигнува поставените цели.

13835532667bf052a1

Негативните страни на крајниот песимизам

Поради потребата од удобна зона кај песимистот се стеснуваат можностите и перспективите;

Истражувањата покажуваат корелација (зависност, врска) помеѓу песимизам, анксиозност, лошо расположение и лоша здравствена состојба;

Понекогаш песимистичкиот поглед доведува до намалување на способноста за решавање на креативни задачи, односно може да биде контрапродуктивен;

Крајниот песимизам придонесува за негација на сè што е ново (негативно размислување);

Кај песимистичкиот поглед постои девалвација на сопствените достигнувања;

Песимизмот раѓа “инфлација” на среќа, а кај оваа инфлација, за постигнување на задоволство се потребни уште поголеми успеси.

3024794-poster-p-1-survival-of-the-happiest-how-optimism-affects-your-chances

Негативните страни на нереалниот оптимизам

Во случај на неволја човек со неразумно висок оптимистички дух паѓа во поголема депресија отколку умерениот песимист. Тоа се должи на големите очекувања;

Во случај на неволја нереалниот оптимист е склон да си “навлече” комплекс на губитник, комплекс на вина. Тоа е особено забележливо на обуки за “позитивно размислување”, каде што се случува билдање на луѓето од типот “ако го сакате тоа, значи дека го можете”. Тогаш кога луѓето ќе се соочат со реалноста, таа брзо ги соблекува од позитивниот пиедестал;

Нереалниот оптимизам е во можност предвреме, во буквална смисла на зборот, да ве однесе во гроб. Сите познати шарлатани, исцелители на рак и други тешки болести, гуру советници, книги за самопомош ги заразуваат “пациентите” со безумен оптимизам, кој води до несвоевременно лекување или дури откажување од него. Познато е дека основачот на Apple Стив Џобс повеќе од девет месеци откако му бил дијагностициран “рак на панкреасот”, одбивал операција која можеби ќе го спасеше неговиот живот. “Тој се обидуваше да се излечи со помош на диети. Користеше практики кои придонесуваат за долговечност, но не сакаше да се подложи на операција “, – раскажува Волтер Исаксон, официјалниот биограф на Стив Џобс;
Често приврзаниците на нереалниот оптимизам ги заменуваат причинско-последичните врски: човекот е оптимист, бидејќи е здрав и среќен наместо човекот е среќен и здрав, бидејќи е оптимист.

Сето тоа зависи од ситуацијата. Ако треба да скокнете од провалија – подобро е да бидете реални песимисти, а ако одите на интервју за работа – бидете реални оптимисти. Веруваме дека исходот е да ја пронајдете динамичката рамнотежа меѓу нив.

Ако човек не само ја забележува, туку и прифаќа (интегрира) својата “сенка”  како дел од себе, тогаш тој самиот ќе ги пренесе проблемите од потсвеста во свеста. Во него се појавува можноста да управува неговата темна страна. Обидите да ги искорените од себе т.н. негативни квалитети, како и сето она што е премногу позитивно, се апсурдни. Тоа е како да отсечете батерија на половина и да ја задржите само онаа страна со “плус” очекувајќи да работи. Батериите само со “+” не постојат и не е можно да постојат. Енергијата се формира токму од интеракцијата на позитивните и негативни полнења.

- Реклама -