Зошто музичарите мислат брзо и памтат долго?

Слушањето на музика ја храни активноста на мозокот со неколку интригантни активности, додека нејзината репродукција е еквивалентна на еден редовен физички тренинг во комбинација со разновидност од одлуки на когнитивни задачи.

Невробиолозите забележуваат како бројни области во мозокот се активираат истовремено обработувајќи хетерогени информации во сложени и неверојатно брзи секвенци. Но, што е она што токму при инструментализирање го стимулира мозокот толку динамично?

Најактуелните истражувања создаваат комплексна идеја за она што се случува. Прстите всушност ги будат сите области во мозокот истовремено, особено визуелните гласини и моторната кора. Слично на секоја друга интензивна физичка вежба, дисциплинираното и организирано движење на прстите ги засилува овие мозочни функции и ни овозможува поефикасно вршење на други мозочни активности.

ddf5b648a682ce8ac419a5f1e8f6b94c_1454076067

Најочигледната разлика помеѓу слушањето и инструментализирањето е тоа што последното бара прецизни моторички вештини кои се контролираат и од двете мозочни хемисфери. Свирењето ги комбинира лингвистичката и математичката точност, за кои повеќе придонесува левата хемисфера, со иновативни и креативни размислувања, што е својствено за десната хемисфера.

На база на утврденото во истражувањата свирењето ги зголемува обемот и активноста на мазолестото тело во нашиот мозок – мостот помеѓу двете хемисфери, кој допушта и пренос на информации меѓу нив, давајќи му поголема брзина и разновидност во патиштата за трансфер на пораките.

Прочитајте и:  Објавен постхумен албум на Џони Кеш

Ова им овозможува на музичарите да ги решаваат сите проблеми поефикасно и покреативно како во академската, така и во социјалната средина. Создавањето на музика вклучува толкување и перцепција на нејзината емоционална содржина и порака. Реконструкцијата на искуства и чувства преку спроведувањето ги стимулира рецепторите и ги збогатува сетилните перцепции на личноста.

Музичарите често имаат високо ниво на извршна функција – категорија на меѓусебно поврзани задачи врз основа на планирање, изработка на стратегија, внимание на деталите. Оваа способност влијае врз работата на системите на меморијата.

Музичарите манифестираат поотпорна функција на меморијата – тие создаваат, ги чуваат и откриваат спомените побрзо и поефикасно.

Најновите истражувања за менталното влијание на прстите на музичкиот инструмент го продлабочуваат нашето разбирање за мисловните функции имајќи ги во предвид внатрешните ритми и сложената динамика на оркестрацијата во нашиот мозок.

- Реклама -