Зошто мажите сакаат кукли на дување?

b-doll

Нормален маж никогаш нема да смени жена за кукла на дување, ама некогаш… му доаѓа. Еве зошто:

1. Кукла нема да бара да идете на концерт на Жељко.

2. Не се митари во текот на сексот, па не мораш да ѝ ја собираш косата од постелнините со усисивач.

3. Не готви, ама не ни јаде.

4. Кога ја шеташ низ град, сите ја гледаат.

5. Можеш да се исплачеш како човек на крајот на „Бегство од Шошенк“, без да те гледа како будала.

6. Можеш да ја заклучиш во плакар кога ќе ти дојдат другари.

7. Ако случајно не ти се дигне, нема да рече „Океј е“, туку стрпливо ќе ќути и ќе чека да се вратиш во форма.

8. Прв си ѝ.

9. Кога ќе ѝ се исповраќаш во скутот после пијана вечер, само мирно ќе продолжи да гледа во таванот.

10. Пред неа не мораш да глумиш дека не си девијантен. Се согласува да ѝ ставиш маска од Груевски или од Катица Јанева (по избор) додека ја… знаеш де.

11. Ја заболе за пајакот во ќошот од собата и тоа што го викаш Спајдермен.

12. Не мораш да платиш три бејлиза за дип троут. Не мораш ни обична вода.

13. Плута на вода и не може да ти се удави на одмор.

13а. Можеш да ја користиш како душек.

1090927_233171ed29b75d869474c90cfd7d78e5_l[1]

14. Не настинува ако ја оставиш гола после туширање.

15. Можеш да ја задоволиш во кревет без притоа цел грб да ти биде со исекотини од нокти.

16. Ја собира во куфер, а не е Молдавка.

17. Никогаш нема добиено, а не е трудна.

18. Твојот е најголемиот што некогаш го видела. Освен можеби ако не е половна.

19. Не се шминка, ама нема да се лути ако ѝ нацрташ бркови.

20. Можеш да ѝ се изнавикаш од терапевтски побуди – како кога ќе го удриш малиот прст на ногата од ногарките на каучот, или кога ќе ти пропадне ливчето во 90-та минута.

21. Можеш да ја однесеш на утакмица и сите ќе мислат дека си закон.

22. Нема мајка.

23. На одмор плаќаш за едно лице.

24. Не мораш да ја запознаваш со родителите. Барем не би требало…

25. За неа можеш да бидеш искрен кога пред другарите ќе се фалиш дека си ја скинал од… работење.

26. Секогаш е спремна за тројка, четворка, оргија.

27. Сосема е нормално кога шетате да ја влечеш за нога.

28. Не може да те избрука пред друштво. Кога нема ништо паметно да каже, си ќути.

29. Можеш да ја ставиш среде нива и да ти ја чува пченката од чавки.

30. Можеш да ја замолиш да му го испуши на сообраќаецот за да не ти пише казна што не си ставил појас.

31. Можеш да останеш логиран на Фејсбук и нема да ти чепка по пораки.

32. Оп, ти стигнува порака од некоја ороспија додека сте заедно. Мирно гледа напред и си молчи.

33. Нема да ѝ влијае на самодовербата ако пред сексот се напиеш Вијагра.

34. Не те победува на PES или Фифа.

35. Чорапите ќе си ги најдеш кај што си ги оставил.

36. Нема да те прашува што ќе се случи следно во филмот што и двајцата по прв пат го гледате.

37. Нема плодни денови.

38. Не се заклучува кога се тушира.

39. Ако е тешко повредена не мораш да висиш по болници. Ја носиш на вулканизер.

и уште куп други…

- Реклама -