Зошто мажите и жените се толку различни

Вечната борба меѓу половите е секогаш присутна. Денес тоа веќе станува исфорсирано и често се експлоатира за маркетингшки цели. Но вистина е дека жените и мажите се разликуваат едни од други. Тоа не значи дека едните се подобри, а другите полоши. Всушност, се работи за достоинствена рамноправност со постоење на меѓусебни разлики.

Мажите и жените се разликуваат во различни сегменти од своето постоење. Првенствено, постои телесната разлика. Освен разликата во половите органи, мажите се во просек повисоки од жените, имаат поголем процент на мускули во телото и поцврсто и погусто влакно. Жените имаат пофлексибилни зглобови, значително повисок процент и различна дистрибуција на телесни масти, и во просек живеат подолго од мажите.

Потоа, постојат разлики во развојот. Девојчињата почнуваат да ползат, одат и зборуваат во просек порано од момчињата. Исто така, порано влегуваат во пубертет. Мажите и жените имаат различни полови хормони кои на различен начин делуваат на развојот на мозокот, здравјето и слично.

Социјализација и животни улоги

Не се само наведените разлики оние кои ги прават мажите и жените различни. Порано постоеле различни улоги во животот на мажите и жените. Мажите биле ловци и борци, и се грижеле за сигурноста на семејството. Жените раѓале деца и се грижеле за семејството и емоционалните односи. Денес не постојат ловци и домаќинки, а односите и делењето на кучните обврски се променети. Но се уште во социјализацијата на децата и нивното учење присутна е разлика во растење машко и женско дете. Малите момчиња никогаш не плачат, не си играат со кукли и не носат здолништа. Девојчињата не играат со автомобили и не гледаат фудбал.

Се разбира дека овие работи се менуваат. Денес и девојчињата носат сина облека и панталони. Но и со модерните родители кои ги охрабруваат своите деца да играат со сите играчки и да бидат полово и стереотипно независни, повторно постои влијанието на медиумите и на околината. Децата својата социјална школа ја учат и по „моделот“ од околината, па веќе има девојчиња кои од десет години кои внимаваат на својата исхрана и на својот „аутфит“.

Мажественост и женственост

Важно е да се нагласи дека мажественоста и женственоста не се полови ознаки. Секоја личност во себе го има и едното и другото. За жал одгледувањето и социјализацијата ги учи девојчињата да ја потиснуваат мажественоста во нив, и обратно. Од тие причини често се среќаваат млади луѓе без особена цел и желба за реализација – поради неможноста да бидат тоа што се. Потребно е да се разбере спротивниот пол, луѓето да се освестат кои се разликите меѓу нив, меѓутоа и да ги прифатат.

- Реклама -