Зошто Македонците се како краби

Го знаете вицот со Македонците во пеколот, нели? Во пеколот Сатаната ја чувал секоја нација во посебен котел. На секој од котлите имало капак, а над секој капак дежурал по еден ѓавол за да ги спречи јаднициве да избегаат. Само над македонскиот котел немало ѓавол. Немало ни капак. Кога некој новодојденец го видел тоа и го прашал Сатаната зошто така, овој му рекол: нема потреба, кај нив некој и да тргне да бега, другите ќе го повлечат назад.

Е па, денес ќе зборуваме за менталитетот на крабите; што е всушност едно исто. Во англиското говорно подрачје, со фразата „crab mentality“ (aka. „crab in a bucket“) се опишува однесувањето под мотото „ако не може јас, не може ни ти“. Метафората се однесува на реалното однесување на крабите кога се во група и заробени во сад:

1) Нивниот фокус е на тоа да се спасат себе самите, наместо да соработуваат и да ја спасат целата група.
2) Индивидуално гледано, многу од крабите можат лесно да избегаат. Но кога се во група, секое бегство на една од индивидуите ќе биде спречено од другите. Наместо соработка, крабите или ќе се качуваат една преку друга, или ќе се зграпчат и ќе се борат меѓусебно во залудна „last man standing“ битка, некогаш и буквално до смрт. На крајот, единствено што добиваат е колективна пропаст.

Прочитајте и:  Црногорците и Македонците најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, најрано Скандинавците

Преведено во човечкиот свет (да не речеме македонскиот), за крабски менталитет се смета кога членовите на групата се активно се обидуваат да ја негираат или минимизираат важноста на секој член што далеку повеќе прогресира и постигнува успех што ги остава другите во сенка. Се разбира, мотивите се завист, љубомора, заговори, его…

- Реклама -