Во овој напис ќе ви покажеме зошто Marion Cobretti – Cobra е најјакиот лик кој се има појавено на филмското платно. Не се препорачува за луѓе со слабо срце. За оние кои ќе го преживеат написот, следува бонус.
Во овој напис ќе ви покажеме зошто Marion Cobretti – Cobra е најјакиот лик кој се има појавено на филмското платно. За оние кои ќе го преживеат написот, следува бонус.
Вака се започна…
Marion Cobretti – Cobra
Marion Cobretti е луд, откачен и пред се јак. Знаејќи дека неговото име всушност личи на женско име, едноставно сака да се нарекува себеси – КОБРА. Се претпоставува дека чкорчето во уста треба да претставува изваден јазик на кобра , спремен за напад.
Кога манијакалниот убиец во продавницата убива еден од заложниците, Полковникот Марион Кобрети не паничи. Толку е опуштен што ладнокрвно го довршува своето пиво. Потоа, си поигрува со нервите и мозочните келии на убиецот велејќи му ладно: “Hey dirtbag, you’re a lousy shot. I don’t like lousy shots. You wasted a kid for nothing… now I think it’s time to waste you.”
Еден збор: П Е Р Ф Е К Ц И Ј А
На оваа фотографија ја гледаме колата на Кобра. Нека не ве залажува ретро изгледот. И самата кола може да убие. Ако и нареди Полковникот.
Ова се противниците на Полковникот. Чудно, убедени се дека ќе го победат.
Во меѓувреме, Полковникот ладнокрво јаде пица во својата канцеларија. Затоа што е најјак, ја сече со ножици?!?!
Ова се случува со луѓето кои не му згрешиле многу на Полковникот. Заминува ладно и без збор. Мафијашот не зборува ништо, само стои и гледа како Кобра заминува. Што смее да каже?
Ова е девојката на Полковникот. Фотографирана помеѓу роботи.
А ова е главниот противник. Не за долго затоа што…
…ќе налета на ова! На рачката од слонова коска – Изгравирана КОБРА.
Сепак подобро да налеташ на пиштолот отколку на овој арсенал. Но..
…ако налеташ на ова, е тогаш навистина е крајот. Во зависност од наталожената нервоза, Полковникот ќе ве удри или со сечивото или со рачката. Во секој случај, нема да ве има повеќе.
Ќе ве снајде ова.
МАРИОН КОБРЕТИ – КОБРА Е НАЈЈАК. ТОЛКУ.