Еднаш го прашав татко ми колку пари има на сметка, а тој ми одговори дека не поседува ништо. Ова го сподели во интервју за емисијата “Ничија земја” синот на Ескобар, Себастијан Марокин.
“За време на еден добар викенд, Ескобар можеше да продаде дрога и за 70 милиони долари”, додава тој. Парите доаѓаа од американските картели за кои никогаш не се зборуваше. Американците отсекогаш ги бива за тоа да ги посочуваат старешините на латиноамериканските картели, но кога се работи за раководителите на сопствените картели, тие не знаат ништо. Ги знаат имињата на сите шефови на латиноамериканските картели, но ги премолчуваат своите бандити, вели Марокин.
Синот на Пабло Ескобар со шокантно откритие за Френк Синатра
Кога Пабло Ескобар забележува пад?
Татко ми започна да паѓа од врвот кога објави дека ќе влезе во политиката. Тој посака да влезе во една многу поголема мафија од онаа која што со години ја управуваше. Иако беше “капо ди тути капи” во оваа мафија, во другата – поголемaта не го прифатија. Врската помеѓу политичарите и дрогата е посериозна отколку што сметаат луѓето.
Зошто и покрај парите, Ескобар гладувал?
Иако имавме милиони на сметка, имаше моменти во кои гладувавме. Токму тогаш сфатив дека парите од дрогата не служат за ништо. Имавме доволно средства да ги купиме сите супермаркети во градот, но ја немавме слободата да одиме до аголот и да си земеме леб, раскажува Марокин. “Затоа можам да кажам дека парите од дрогата не се вистиснки пари, или барем така мислам”, додава тој.
Дрогата и Пабло Ескобар
“Татко ми не користеше дрога освен марихуана, и тоа, исклучиво кога не работеше. Имав 8 години, кога тој ми раскажа сè за дрогата. Ми рече “храбар е оној кој не пробува бело”, вели синот на кралот на кокаинот.
Дали беше убиен Пабло Ескобар?
Пабло Ескобар не беше убиен, тој се самоуби, раскажува Марокин. Многу пати додека шетавме заедно ми велеше дека ако некогаш го опколат ќе се застрела во десното уво. Татко ми очигледно самиот дозволи да биде фатен. Тој во животот не користеше телефон, но дента кога го фатија телефонирал цели 5 пати, па така полицијата му влегла во трага. Верувам дека Колумбиската Влада претходно му даде до знаење дека треба да умре, во спротивно ќе не убиеја сите, целото семејство.
На што трошеше пари Пабло Ескобар?
Најголемата среќа се испиша на неговото лице кога им помагаше на сиромашните во Колумбија. За мене најголемиот дар беше времето што ми го посветуваше, а не подароците, додава тој.