Зошто ги сакам понеделниците?

Денеска е понеделник. Наскоро Фејсбук ќе се наполни со пораки „Мразам понеделници!” и „Понеделникот повторно се удри од нашите глави”. На нив одговарам: „Будали! Ги обожавам понеделниците! “

Можеби мојата реакција не е типична, но еве зошто го сакам првиот ден од седмицата.

Јас сум интроверт, кој работи од дома. Ги сакам бескрајно сопругот и децата и навистина ги очекувам викендите со нетрпение, бидејќи тогаш правиме какво ли не заедно. Тие сепак се екстроверти, а јас не сум. Јас сум интровертна личност, што значи дека потребно ми е извесно време насамо, за да ги наполнам своите батерии. Од моментот кога ги земам децата од училиште во петок, до часот во кој сите излегуваат од вратата во понеделник, јас речиси немам можност за таква осаменост. Дојде ли понеделникот наутро сепак, ги оставам децата во училиште, го бакнувам сопругот кој оди на работа, и веќе можам да седнам пред компјутер – сама. Во тишина. Ах, какво блаженство! Освен тоа сум донекаде работохолик. Понекогаш се шегувам дека сум мрзелива, и тоа е така во некои односи (како склопувањето на алиштата и миењето на прозорци). Не сум мрзлива сепак, кога станува збор за пишување – она со што заработувам пари. Пишувам многу. Читам многу, за да можам да пишувам вредни текстови. Разговарам со многу луѓе. (Да, знам дека разговорите се како спротивни на мојата изјава дека сум интровертна, но има разлика меѓу разговорите на некој пикник и интервјуто со интересен човек за неговиот мултинационален бизнис.) Затоа сакам да се враќам на работниот стол во понеделник наутро, кога конечно можам да завршам некоја работа. Понеделникот е полн со можности. Овој ден ни ја дава целата недела, која што ја очекуваме! Сакам да одвојам време во понеделник наутро, за да го прегледам распоредот и да ги направам плановите за неделата. Да погледнам што ми претстои, со кого ќе треба да разговарам и што има да се прави. Во петок се обидувам да завршам сè што можам, па во понеделник да не сум преполна со стари задачи (иако и тоа не секогаш е можно). И сепак понеделникот е време за свеж, нов почеток. Никој друг не ги сака понеделниците. Добро, признавам. Убаво е да им вгнездам љубов кон понеделниците во носот на пријателите кои ги мразат.

Сузан Лукас, писател и долгогодишен специјалист за човечки ресурси, за Inc.com

- Реклама -