Зошто е важно да засадите дрво заедно со вашето дете?

Дрвјата спаѓаат во најстарите живи организми на нашата планета. Тајната на долговечниот живот на дрвјата на некој начин и ден-денес е мистериозна.

Шумите се извор за животот на луѓето и животот на планетата Земја. Човекот отсекогаш е тесно поврзан со шумата. За жал, луѓето сè уште земаат од шумите онолку колку што им е (не)потребно, без план и ограничување. Затоа, неопходно е пошумувањето коешто треба да се одржува почесто, не само на Денот на дрвото или при акциите за пошумување што ги организираат општините или некоја друга инстититуција. Ако денес посадиме дрво, утре во неговите благодети ќе уживаат нашите внуци и правнуци. Баш поради тоа во акцијата за пошумување треба да се вклучат сите генерации- од седумгодишно дете до пензионер.

Бројот  на волонтери кои се подготвени да се влучат во акцијата на пошумување е недоволен, па затоа од искучителна потреба е да се подигне свеста на луѓето, посебно на децата, за да се вклучат во вакви акции. Со пошумувањето дрвја, на пример: во училиштата, градинките, парковите, ќе се истакне нивната убавина, но ќе се разубави паркот, дворот, брегот на некоја река итн.

Шумите се единствен обновлив природен ресурс и национално богатство. Тие се извор на воздух, вода, флората и фауната, поволната клима, а на некој начин и на целиот  наш живот.

Извор

- Реклама -