19-годишниот Lil Yachty е рапер што „до вчера“ беше анонимус, но се прослави преку ноќ. Ама не затоа што е добар, туку затоа што во една од песните на неговиот втор албум насловен „Тинејџерски емоции“, има стих „таа пуши к** како да е чело“. За појаснување, се мисли на виолончело.
Изворно гласи вака: „She blow that d*** like a cello.“
Лириксот е објавен на специјализираната страна Rap Genius, но тоа што го направи вирален е објаснувањето (Rap Genius дозволува анотации) што самиот Lil Yachty му го има ставено на стихот.
Вика вака:
„Ок, да запреме за момент. Пред да ми се сипете, ќе ви кажам. Го обвинувам мојот A&R менаџер. Бидејќи тој ја преслуша таа песна многу пати, и ми дозволи да го кажам тоа. Претпоставувам дека на момент помислив дека виолончело е дувачки инструмент, а не е. И никој не спомна ништо. Никој не ми извади слика да ми рече: ‘Човече, не знам дали знаеш што е ова, ама не е тоа што мислиш’. Заебав. Мислев дека Сквидвард (на сликата, од Сунѓерот Боб) свири на (виолон)чело. Не свири. Свири флејта. Заебав. Ама да, звучи добро“, завршува Мали Јахти.
Инаку, за да е уште посмешно, Сквидвард свири кларинет.
Откако му кажаа дека е кларинет:
Squid ward plays clarinet… I got it world lmao.
— CONCRETE BOY BOAT^ (@lilyachty) May 28, 2017