Зошто е проѕевањето заразно?

Ако вашата глава е прегреана, има големи шанси дека наскоро ќе се проѕевнете, според студијата која што открива дека примарната цел на проѕевањето е да ја контролира температурата на мозокот.прозевање

Според Andrew Gallup, истражувач на Bingham универзитетот, се проѕеваме за да ги заштитиме нашите мозоци од прегревање: „Мозокот е како компјутер – тој најдобро функционира на ладна температура и физичкото адаптирање евулуирало така за да дозволи максимално разладување на мозокот“

Ова откритие реши дузина мистерии околу проѕевањето, како што се зошто го правиме тоа пред и после спиење и зошто дишењето низ нос и разладувањето на челото често го спречува проѕевањето.

Но речиси секогаш се случува ако некој во просторијата започне да зева и останатите едн по друг да го прават истото, па решивме да побараме зошто се случува тоа.

Заразноста на проѕевањето има епидемски размери. Повеќе од 50 проценти од луѓето ако видат некој како се проѕева го повторуваат истото. Ова се случува и кај многу голем дел од животните.

Оваа потсвена реакција, според многумина влече корени од античко време, а во основата лежи емпатијата, односно споделувањето на емоциите, кои што се изразуваат во форма на социјална врска. Заразното смеење и плачење се слични изрази на емпатија, а заразното проѕевање се случува уште на 4 годишна возраст.

Во една студија, истражувачите ги разгледувале факторите кои биле поврзани со заразното проѕевање помеѓу 109 возрасни лица од 4 различни континенти кои биле набљудувани во нивното природно опкружување. Помеѓу секое посматрање во траење од неколку часа, истражувачите забележале случувања кога некој ќе се проѕевал и дали некој што го видел тоа проѕевање ќе одговорел со проѕевање во рок од 3 минути.

Резултатите покажале дека социјалните врски биле посилни од социјалните ситуации како и националните разлики во објаснувањето зошто проѕевањето е заразно. Веројатноста да се сподели заразно проѕевање била најголема кај членовите на иста фамилија, потоа кај пријателите и познаниците. Луѓето најмалку биле „заразени“ од проѕевањето на непознати лица.

Според истражувачите феноменот на заразно проѕевање може да се објасни преку човечката биологија. Тие велат дека, гледањето како некој друг се проѕева активира една сложена мрежа на мозочни региони поврзани со движењето, имитацијата, социјалното однесување и емпатијата. Мозочната мрежа на оној кој што го гледа проѕевањето на некој кој му е важен може да биде надстимулирана и да води кон одговор со проѕевање.

- Реклама -