Актерката Катарина Радвојевиќ се нашл на мета на манијак во сред бел ден, каде непознат маж најпрво ја фатил за раката, а потоа почнал да ја фаќа по градите и задникот, додека таа преплашено врескала.Како што пренесуваат српските медиуми, актерката со денови била опседната од обожавател, кој шетал околу нејзината зграда со цвеќе во рацете, а за немилиот настан говори очевидец:
– Беше ужасно! Катарина врескаше до толку што вработените од соседните локали изгегоа надвор да видат што се случува. Во прво време не ја препознаа актерката, па изгледаше како да се расправаат двајца заљубени. Меѓутоа, кога ја здогледав Радивојевиќ како со рацете се обидува да го турне, сфатив дека се работи за манијак, вели минувач.
За среќа ситуацијата се завршила кога актерката успеала да избега, а човекот тврдел дека само сакал да ја запознае.