„Зоне побегуља“ – ќе се сели во Америка

Eдна од најуспешните српски актерки се сели во Лос Анџелес.

Катерина Радивојевиќ, позната кај нас по улогата на Зоне Замфирова, својата кариера ќе ја продолжи во Лос Анџелес. Имено, Катарина добила зелена карта на лотарија, што секоја година за имигрантите ја организира американската влада, па таа ќе живее и работи таму.

Блиц открива дека актерката се пријавила на лотаријата во 2013, а лани дознала дека нејзиниот број е извлечен. Катарина веќе 4 години учествува на лотаријата, а најважен услов за учество е диплома од средно училиште, односно 12 години образование во континуитет или работно искуство во одредена област. Потоа се испитува дали кандидатот бил осудуван.

„Задоволна сум поради зелената карта. Досега имав работна виза исклучиво за активноти во областа на актерството која ја обновував на неколку години, а сега зелената карта ми овозможува постојан престој и работа, па размислувам таму да продолжам со образованието“, вели Катарина и открива дека планира да се пријавува на аудиции за филмови во САД, но и дека често ќе ја посетува Србија поради фамилијата.

z

- Реклама -