Веројатно не постои боја што повеќе асоцира на лето од жолтата. Иако понекогаш делува малку нападно и тешко за комбинирање, со сако во оваа боја летово ќе бидете шик и секогаш лесно впечатливи.
Жолтата боја, едноставно, поседува моќ да разведри каква било комбинација на облека. Сакоата, пак, одговараат со речиси секое парче облека, од здолништа и шорцеви, до пантолани и фустани во секакви варијанти.
Жолтото сако летово носете го со црно-бели риги, црвени римјанки или сандали со полна потпетица, сини цветни фустани и тексас шорцеви. Иако постојат и жолти сакоа со разни шари, принтови или модни додатоци, наједноставен за комбинирање е стандардниот еднобоен модел.
Сакото во жолта боја идеално е да го комбинирате со комплементарни бои, односно виолетова, темносина, индиго или темнорозова.
Ова парче облека е истовремено доволно смирено за да го комбинирате за дневна или деловна варијанта, но и доволно смело и тренди за да се вклопи во вечерните комбинации. Преку ден носете го со цветен фустан или шалвари, удобни балетанки и голема кафена чанта, а навечер спојте го краток кожен или шорц од тексас, плик-чанта и високи потпетици.