Зоки Фаци: Тоа е вистината, Серџо, Боки 13 е модерниот Робин Худ

По емотивната роденденска честитка до Боки 13 што вчера ја напиша Сергеј Варошлија, на неговиот Фејсбук статус се надоврза и водителот на „Ексклузив“ на 1ТВ, Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Тој се согласува со напишаното од Варошлија и порача дека Боки е силен и ќе го преживее ова што му се случува, нарекувајќи го модерен Робин Худ:

„Ти ја напиша вистината, Серџо. Боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно. Силен е тој, ќе го преживее и ова. Тој е модерниот Робин Худ, да не заборавиме само на колку луѓе им помогна. За мене е херој, не знам за другите. Среќен да му е роденденот“, напиша Василевски.

 

- Реклама -