Доаѓа летото, а со него нетрпеливо го очекуваме и бранот што ќе ги преплави маркетите и пазарите со лубеници. Но, лубеницата е како лотарија, никогаш не знаете што ќе добиете под зелената кора. Сепак, со следење на овие три згодни правила значително ќе си ги зголемите шансите да налетате баш на онаа правата, зрела и сочна.
1. Прво што треба да направите е добро да ја погледнете. Лубениците со расекотини и пукнатини треба да ги избегнувате, затоа што можат да влијаат на внатрешноста. Тоа никогаш не е добро, а особено во жешките летни денови.
2. Зрелата лубеница има темнозелена боја.
3. Земете ја лубеницата во раце. Ако е зрела, би требало да е потешка во однос на она што го очекувате од нејзината големина. Дури 92% од составот на зрелата лубеница се должат на водата. Незрелата лубеница е полесна во однос на својата големина, затоа што не собрала доволно вода.
4. Разгледајте ја страната на лубеницата која лежела на земја додека плодот растел. Секоја лубеница го има тоа место, а ќе го препознаете по кремасто-жолтата боја (нијанса помеѓу банана и лимон). Ако таа површина е бела или светло-зелена, тоа значи дека сте избрале незрела лубеница. Тоа е показател дека лубеницата е прерано набрана и дека не поминала доволно долго време на сонце.
Со среќа и добар апетит!