„Знаци“- Кул нов ресторан кој располага само со глуви келнери

Уникатнен ресторан ги отвори вратите во Торонто, Канада минатиот месец, и е прв од ваков вид во Канада.

 

Ресторанот е наречен „Знаци“ (Sings) и располага само со глуви келнери.
„Мислам дека е супер инспирирачки“’, вели Кристин Нелсон од Боб Румбал центарот за глуви. „Во име на целата заедница ние сме возбудени што гледаме дека се случува нешто вакво“.

Сопственикот Ањан Маникумар вели дека добил инспирација за „Знаци“ додека работел во Маркам ресторанот како келнер. Имал глув муштерија кој морал да посочува во менито. „Се чувствував дека не ја добива услугата која ја заслужува“, вели Маникумар. „Тој не добиваше личен допир“.

„Знаци“ им дава можност на клиентите да ги научат основните на знаковниот јазик со корисни графици инкорпорирани во менито, слики на масата и фотографии на ѕидовите кои илустрираат основни зборови портебни во ресторан како имиња на алкохолни пијалоци.

- Реклама -