Знаете ли што „лајкува“ Марк Цукерберг?

Facebook го претстави Graph Search – новиот начин за пребарување за кој во компанијата велат дека ќе им помогне на корисниците да пронајдат нови пријатели и стари содржини.

Graph Search, кој наскоро ќе почне масовно да се користи, сѐ уште не е видлив. Но, еднаш кога ќе се појави, ќе ги направи видливи сите „лајкови“ кои некогаш сте ги стиснале. Доколку не сте го направиле тоа, сега е вистинско време да ги тргнете „лајковите“ кои повеќе не ви се драги.

facebook graph search

А додека чекаме Graph Search да заживее, ви ги пренесуваме „лајковите“ на основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

1.Сака да ги слуша песните на Шакира
2.Фан е и на Тејлор Свифт

tejlor

3.Ги сака Chicken McNuggets на McDonalds. Но, не открива кој му е омилен сос
4.Не сака пренатрупаност во станот.Го истакнува минимализмот како еден од своите интереси, како и многу слободен и празен простор
5.Фан е и на инвеститорот Гари Вајнерчак

strategy-106-WIW-Gary-Vaynerchuk-pan_6965
6.Гувернерот на Њу Џерси е на неговата листа на „лајкови“. И претседателот Обама, исто така
7.Го „лајкува“ ова слатко кученце Оги кое најверојатно е на некој од вработените во Facebook

kuce

8.На оваа листа се наоѓа и моржот Митик, тежок 106 килограми. На Цукерберг му се допаѓа оти е маскота на забавувачкиот тим на Facebook

morz

9.Цукерберг сака долго да се тушира. На таа тема напишал: „Останувам долго под туш затоа што водата е топла“
10.Фан е на серијата Glee

glee-cast-wallpaper-glee-11246039-1280-800

11.Му се допаѓаат New York Times и Techmeme
12.Го обожава филмот „Moneyball“ со Бред Пит
13.Од спорт сака мечување

mecuvanje

- Реклама -