Мислите дека нема подобар од вас кога е во прашање оралното задоволување на жена? Тоа го мислат многу мажи, но и покрај сопственото убедување многу грешат.
Не се залажувајте и преземете конкретни чекори за вашата партнерка навистина да одлета во седмо небо кога е со вас.
Образувајте се
Пред да се впуштите во практичниот дел на оралниот секс, задолжително образувајте се. Денес има многу достапни книги и текстови на Интернет со чија помош може да проучите како функционира женскиот полов орган.
Фатете ритам
Ако сакате вашата партнерка да доживее оргазам додека орално ја задоволувате, тогаш мора да фатите ритам и што е уште поважно да се држите до него. Стимулацијата на клиторисот што доведува до оргазам треба да биде ритмична за да има ефект. Имајте предвид дека не смеете да се придржувате само на клиторисот затоа што тоа може да иритира. Со прстите и јазикот опфатете ги сите делови на нејзиниот полов орган.
Комбинирајте ги прстите и јазикот
Некои мажи грешат кога мислат дека оралниот секс го вклучува само јазикот или само прстите. Тајната на вештиот љубовник се крие во комбинирање на прстите и јазикот.
Без брада и бркови
Кожата на женскиот полов орган е исклучително нежна, а станува дополнително чувствутелна поради депилацијата. Тоа значи дека вашата брада и бркови се опасни за тоа подрачје. Ако сакате вашата партнерка да доживее орргазам тогаш водете сметка да бидете свежо избричени пред да тргнете во акција.