Малиот џеб во внатрешноста на фармерките претставува и еден вид на мистерија бидејќи со години наназад никому не му е јасно за што служи или за што некогаш служел овој мал џеб. Постојат неколку објаснувања.
Всушност, според изјавите на основачот на компанијата Levi’s, овој џеб бил направен уште одамна, како каубоите би можеле во него да ги чуваат своите џебни часовници.
Пред тоа, каубоите ги чувале во своите елеци, но така многу често ги губеле или оштетувале, па токму затоа Levi’s направил мал џеб за да им ја олесни токму таа мака.
Но, постојат уште неколку теории во врска со тоа зошто токму прочуениот мал џеб е направен. Некои тврдат дека во текот на “златната грозница” луѓето токму во тој џеб ги чувале златните парички, а Рики Гринхит, кој порано работел во Levi’s тврди дека, како шега или можеби не, го нарекувале уште џеб за кондоми.
Пред извесно време пак Стив Џобс се пошегува дека малиот џеб е направен за токму во него да може да се чува iPod-от, но, со оглед на фактот дека фармерките се со векови постари од ваквите геџети, шегата на Стив Џобс не ја реши оваа мистерија.