Значењето на стиховите во “Bohemian Rhapsody”

Откриена тајната после 40 години.

queen_group_bohemian_rhapsody_celebrities_hd-wallpaper-95566

Eден од најголемите хитови на сите времиња, “Bohemian Rhapsody”, е објавен на 31 октомври 1975 година. Од тогаш редовно се наоѓа на разни листи за најдобри песни на сите времиња, но значењето на неговите стихови не беше откриено до денес.

Фреди Меркјури, покојниот фронтмен на “Queen” еднаш рече дека песната говори за врските, а нејзиното значење не сакаа да го откријат ни останатите членови на бендот.

Четириесет години подоцна, биографот на Фреди, Лесли Ен Џонс тврди дека стиховите пренесуваат тајна порака, односно признавањето на Фреди дека е хомосексуалец. Со неа се согласува и текстописецот Тим Рајс, кој добро го познавал Фреди.

„Мене ми е прилично очигледно дека тоа е признанието на Фреди. Разговарав за тоа и со тапанарот на Queen, Роџер Тејлор. Пораката е јасна, Фреди признал дека е хомосексуалец“, вели Рајс за Дејли Мејл.

maxresdefault

„Во стихот “Mama, I just killed a man” ( Мамо, штотуку убив човек) Фреди го убил стариот Фреди, личноста која бил до тогаш. Стихот  “Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead” (Го доближив пиштолот до неговата глава, го повлеков орозот и сега е мртов) значи дека дотогашната хетеро личност е мртва. Ја уништил личноста која се обидувал да биде и сега се обидува да живее со новиот Фреди“, анализира Рајс.

Тој објаснува и дека стихот  “I see a little silhouetto of a man” (Гледам мала силуета на човек) говори за тоа дека уште го прогонува она што го направил.

„Кога и да ја слушнам оваа песна, гледам како се бори со себе. Дали успеа? Мислам дека одлично се носеше со тоа“, тврди Рајс.

Лесли Ен Џон раскажуава дека го прашала Фреди дали неговото признание е за хомосексуалноста, а тој се насмеал и после кратка тишина рекол дека не е време за тоа. Лесли вели дека љубовникот на Фреди го потврдил тоа по смртта на Меркјури.

„Беше во право, никогаш не планираше јавно да признае, мораше да глуми хетеро поради своето семејство. Беше тоа исповед на Фреди во врска со тоа каков би можел да му биде животот и да биде среќен со она што е. Светот доби можност да слушне ремек-дело, комплексно и слоевито, со едноставна порака. Песната беше она што Фреди навистина беше“, и раскажал љубовникот на Фреди.

- Реклама -