Како и секоја година, така и оваа салата на Златната Бубамара ечеше од смеа, благодарение на уникатниот Сашко Коцев и неговите интелигентни шеги, пред кои што никој не останува рамнодушен.
„Густата магла“, „ бесплатното скијање за пензионерите“ и уште многу други шеги, кои не би сакале да ви ги откриваме беа тамите за кои низ шега се зборуваше во теот на вечерта.
После најавите дека Даниел Кајмакоски доаѓа во Скопје, сосема ни беше јасно за што станува збор. Тој пристигна на Златната Буба Мара, здобивајќи се со наградата „ Откритие на годината“. Погледнете го неговиот настап.
И шеесет и осумгодишната баба Рада доби награда за нејзината емисија.
Со златната бубачка дома си замина и неповторливиот Игор Џамбазов за неговиот одличен концерт, а Тамара Тодевска е пејачка на годината.
Најдобарата Балканска ѕвезда за оваа година е Северина.