Животот е убав – Марија Шарапова

Марија Шарапова е една од најдобрите  тенисерки во светот. Таа штотуку објави дека се повлекува од US Open, откако претходно  направи маркетиншки трик со веста дека ќе го промени името во Sugarpova, за да промовира својата компанија. Идејата беше апсурдна, но истата покажа дека Шарапова е бренд за милиони.

Таа заработила 27.1 милиони долари минатата година, а од нив „само“ 5,1 милиони долари дошле од тенис, а останатите од реклами. Таа има договори со голем број компании. Во 2010 година Шарапова потпиша 8-годишен договор со Nike за 70 милиони долари. Најзин  најнов  спонзор е Samsung, со кој таа потпиша 3-годишен договор.

2s.samsung

Лани Шарапова  основа своја компанија за слатки производи, која ја нарече Sugarova. Компанијата се занимава со производство на  бонбони во форма на топчиња за тенис и др.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

3s

Убавицата многупати се најде на  на насловните страни  на многу списанија.

4s

Медиумите го  следат внимателно она што го прави. Интернетот полуде кога таа објави дека ја скратила косата.

5s

Со толку пари таа може да прави што сака. Се зборува дека му подарила Porsche za 105.000 долари, на нејзиниот дечко.

6s

 

Шарапова излегува со бугарскиот тенисер Григор Димитров .

7s

Таа често стои во ложата и ги следи натпреварите на Григор.

8s

Претходно излегуваше со  кошаркарот Саша Вујачиќ. Тие дури беа свршени, но минатата година се разделија.

9s

Шарапова го  носеше руското знаме на Олимписките игри во 2012 година. Таа сепак не живее постојано во Русија. Кога не патува, живее во Флорида.

10s

- Реклама -