Оливие Жиру е фудбалерот што би требало да претставува новото големо засилување за навалната линија на Арсенал, откако „Топчиите“ веќе ги стартуваа преговорите за ангажман на францускиот репрезентативец во своите редови.
Жиру имаше импресивна сезона во дресот на Монпеље, каде што со постигнатите 25 погодоци го предводеше својот тим до првата шампионска титула во клупската историја. Иако челниците на Монпеље сакаат да го задржат својот најдобар фудбалер во тимот за следната сезона, понудите на заинтересираните клубови се премногу интересни за да бидат одбиени.
Имено, Арсенал е подготвен да плати околу 18 милиони фунти за услугите на овој извонреден напаѓач. Арсен Венгер во Жиру гледа идеална замена за Робин ван Перси доколку Холанѓанецот реши да си замине од Лондон, но несебичноста во играта на Французинот му дава можност на стратегот на „Топчиите“ да размислува дури и за формација во која што би имало место и за Жиру и за Ван Перси, доколку капитенот потпише нов договор со Арсенал.
Весникот „Дејли Мејл“ тврди дека „Топчиите“ веќе имале неколку рунди разговори со Монпеље, при што биле договорени речиси сите детали од овој трансфер, којшто би можел да биде официјализиран уште во текот на ЕП 2012.
Објавено во соработка со Екипа.