Што прави многу богат човек кому прва класа не му е доволна, а малите приватни џетови едноставно немаат капацитет за долги меѓународни патувања?
Една од малкуте опции му е да го изнајми единствениот приватен Boeing 787-8 Dreamliner. Моментално (од септември годинава) со него оперира компанијата Deer Jet од Хонгконг, а нуди 17-часовен лет, 15.789 километри, и „влезници“ за вас и други ваши 39 пријатели.
На реномираниот француски дизајнер на авионски ентериери – Jacques Plerrejean и производствениот центар им требале повеќе од 2.5 години работа за да го произведат ова ремек-дело од авионска палата.
Ѕирнете ги сликите, а потоа и кратката видео тура од ентериерот.
За повеќе инфо ѕирнете на Deer Jet.