Во рамки на „Зимска убавица“ 2014, финалистките ќе престојуваат во главниот град. Вечерва (14.03) ќе девојките ќе се појават во клубот Театро, но ќе бидат дел и од Саемот за венчавки, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас.
Таму, тие ќе направат неколку фото-сесии.
Финалето ќе се одржи на 22 март во Куманово во дискотеката Лолипоп, а победничката ќе ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои модното студио Црнокрак поседува лиценци.