Паралелно со ниските температури и со првиот снег, популарното модно списание Vogue ги отвори своите архиви и им овозможи на читателите поглед наназад кон модата од зимските сезони во изминатите 120 години.
Со овој чекор, Vogue ги потсетува модните зависници ширум светот каква била модата во минатото во студените месеци, но и како биле претставени зимските трендови на страниците од списанието.
Тие објавија голем дел од насловните страници, авторските текстови, фотографиите и илустрациите во нивниот оригинален облик. На овој начин читателите имаат можност да допрат до архивата на Vogue, стара 120 години, која покрај модните совети и избори ги опфаќа и социолошките и културните идеи на уредничкиот тим.