Зибери посочува на проблем во пристапот на Венецијанската комисија: Албанскиот не е јазик на малцинствата

Во член 99 од неофицијалното нацрт-мислење на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците од 2018-та година, Комисијата оценува дека „Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици”.

Според аналитичарот Насер Зибери, меѓутоа, во ваквата оценка Венецијанската комисија сосема погрешно му пристапува на албанскиот јазик како јазик на малцинствата. Како што објаснува тој во разговор за „ТВ21“, во амандманот 5 од Уставот албанскиот јазик не се третира како јазик на малцинствата, туку напротив, како јазик еднаков со македонскиот по сите основи освен две, предвидени со Уставот. Оттаму, Венецијанската комисија не може да го „мери“ Законот за употреба на јазиците, т.е. албанскиот јазик, по параметрите на конвенциите за етнички малцинства. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -