Камило Хозе Вергара е чилеански фотограф кој веќе над четири декади ги фотографира најсиромашните соседства во неколку од најсиромашните американски градови. Во Њујорк се преселил во 1968, како дипломиран социолог. Комбинирајќи ја професијата со својата фотографска страст, Вергара почнува да ја документира урбаната еволуција, од физичките промени на улиците, па до однесувањето на луѓето.
Пред да израсне во почитуван, значаен и наградуван американски фотограф, Вергара се прослави со својата фото-серија „Old New York“, во која го прикажува животот во Њујорк во 1970-тите. Еве дел од фотографиите.