Животот во најтоксичниот град на светот – Норилск

Норилск нема патишта. Најмногу од сé наликува на индустриска зона среде снежна пустелија. Изолиран, опасно загаден и ужасно студен, а сепак сакан.

Се наоѓа на 402 километри северно од арктичкиот круг, а може да се пофали со најголемите наоѓалишта на никел, бакар и паладиум на планетата. Затвореници од Гулаг ја прошируваат населбата во 1935 година, со тоа што во наредните 20 години 500.000 лица учествуваат во изградбата на градот. Илјадници ги губат своите животи за време на тој процес.

3(563)

Денес Норилск е најсеверниот град на земјата и сè уште важи за опасен. Просечната температура на воздухот тука е -10°C. Во зимо достигнува и -55°C. Цели два месеца за време на поларната ноќ, луѓето живеат во речиси целосен мрак. Норилск е фатен во стапицата на снегот осум или девет месеци во годината. Сепак градот има 177.000 жители, чие секојдневие не се состои само од очајна битка против зимата, но и забава и излети. Од очигледни причини, повеќето активности во градот, вклучувајќи ги и спортските настани, се одвиваат во затворен простор. Дури и велосипедизам и трчање.

За време на сериозните студови, работниците патуват во конвои од автобуси. Ако еден се расипе, се качуваат во друг…

1(626)

Првите жители на Норилск се населиле во регионот во почетокот на 1.900-тите години, откако биле откриени богати наоѓалишта на минерали, создадени пред 250 милиони години во подножјето на планината Путорана. Во 1935 година СССР започнува изградба на металуршки комплекс во кој главно работат затвореници осудени на смрт во дивините на Арктикот. Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, но градот го продолжи подемот, а Норилск денес е светски лидер во производството на никел и паладиум.

Компанијата Норилск Никел придонесува со 2% од рускиот БДП. Условите за работа на рударите се далеку од совршени, иако добиваат 90 дена одмор во годината и се пензионираат на 45 години. Норилск се наоѓа во топ 10 најзагадените градови на Земјата. Секоја година повеќе од 2 милиони тони гасови се исфрлаат во атмосферата.

4(523)

Просечната должина на животот тука е за 10 години помала отколку во другите региони на Русија, ризикот од рак е двојно повисок, а респираторните болести се широко распространети. Студиите покажуваат дека квалитетот на воздухот во регионот е одговорен за 37 отсто од смртните случаи кај децата и за 21,6 отсто од смртните случаи кај возрасните.

Поларните денови и ноќи исто така имаат големо влијание врз човечкото тело, кое во Норилск постојано е изложено на борба против екстремните услови. Продолжените периоди без сонце и практично во темнина, водат до намалување на лачењето на хормонот мелатонин, преку кој се регулираат многу функции на организмот. Ова доведува до колапс на нервниот систем, постојан замор, психолошка непријатност и депресија. Недостатокот на мелатонин предизвикува и предвремено стареење и помага за развојот на рак.

Но и покрај сето ова, луѓето во Норилск продолжуваат да живеат таму. На некои дури и им се допаѓа тоа. Други го обожаваат градот. Да, можеби е тмурен, леден и ужасно токсичен. Но Норилск има некоја посебна, дистописко-постапокалиптична убавина, полна со меланхолија. Како целиот свет да престанал да постои, а ова овде да се последните преживеани. И уште играат, пејат, одат на лизгалиште, на плажа…

Не ја пропуштајте медитативнава репортажа на The Atlantic. Многу подобро го доловува тоа што го опишавме во последниот пасус.

(можете да го гледате и со 1.5 брзина)

- Реклама -