Обединетите нации ги оценија како „навреда за човечкото достоинство, но околу 200.000 луѓе во пренаселениот Хонгконг продолжуваат да живеат во таканаречените coffin (од „ковчег“) домови.
Не случајно ги викаат така. Ова се пренатрупани и премали живеалишта во кои тоалетите се на дофат од „кујната“ и креветот во кој спиете, кој практично ја зафаќа целата соба.
Според кинескиот завод за статистика, има 88.000 вакви живеалишта. Долгите чекања за социјални станови и цената на киријата која е во постојан вртоглав пораст, едноставно ги приморуваат сиромашните жители на Хонгконг да прифатат ваков живот.
Еден таков станар, Тони, вели дека одењето дома во својот стан од 1.3 м² (да, да, точно е напишано) го мрази од дното на душата. Вели дека најтешко му е тоа што немаш свеж воздух за дишење и собата те задушува.