Оваа улична уметност е дело на ОакОак, француски уметник. Дечково користи инспирација од разни ќошиња низ градовите во Франција, а најчесто од скршени, свиткани, напукнати и нефункционални ствари, и толку многу ги оживува, што предизвикува оргомно одушевување кај минувачите. Галеријава која ќе ја видите подолу ја нарековме „Животот е игра“.
Епа графитџии, стрит артисти и локални власти, ајде да го направиме Скопје поубаво место за живеење. Има градов наш бајаги вакви места кои би можеле да ве инспирираат.