Животните продаваат најдобро

47f6e7b2c8b54788912b0ab4a8ce32d8[1]
„Животните нé учат како да бидеме луѓе“

Животните во рекламите продаваат најдобро, подобро и од преекспонираниот секс, подобро од не секогаш соодветното користење на деца, и подобро од ангажирањето на познати лица. Ова денес ќе го потврди секој адвертајзер.

Колку и една жива ѕвезда да ги исполнува сите барања на рекламата, тоа нема да биде 100-процентен учинок. Клучот е брендот да создаде имиџ кој во себе ги носи сите квалитети кои адвертајзерот сака корисникот да ги асоцира со истиот. Животните во рекламите можат да бидат идеални “говорници” во оваа насока, бидејќи беспрекорно ги пренесуваат и истакнуваат квалитетите на одредена трговска марка. Животните, реални или 3D-анимирани, за брзо време можат да се претворат во најуспешните лица на една рекламна кампања. И во двата случаи ефектот е одличен. Дека публиката ги помни и разликува рекламите со животни, говорат и бројките: обично, препознатливоста на брендот се зголемува со над 60%, а продажбата се зголемува за околу 10%.

d50c167a5300b798fbf9e780bd346049[1]
„Hyundai Coupe. Од 0 до 100 км/час за 8.4 секунди.“

Се вклопува ли рекламното лице во профилот на целната публика на брендот? Тоа е прашање од исклучително значење кога се продава на различни типови пазари. Една ѕвезда може да им се допадне на дел од потрошувачите, но кај други пазари може брзо да пропадне и да го компромитира брендот засекогаш. Ризикот се намалува скоро до нула, ако за рекламна ѕвезда се избере не позната личност од светот на спортот или шоубизнисот, туку забавно и слатко животинче. Таквата реклама им се допаѓа на сите – на малите деца и тинејџерите, на возрасните луѓе и пензионерите, на потрошувачите со различна општествена положба и финансиски можности, на оние со различна етничка или верска припадност.

Животните секогаш носат една посебна природност, наивност и искреност која им се допаѓа на сите. Никој не би помислил дека едно животно може да го измами или предаде. Кога главното лице во рекламата е одредена ѕвезда од шоубизнисот и им кажува на потрошувачите како да ги потрошат парите, кај потрошувачите се јавува тенденција да се прашаат во што е фората. Не и со животните, кои знаат да блескаат и со својата елеганција, убавина, сила и интелигенција. Вистинската Пума што трча низ рекламите на Мercury Cougar, е олицетворение на брзината, благосостојбата и луксузот – квалитети со кои компанијата сака да се карактеризира автомобилот.

04eb1ea28a0ee5b4a94f4436b882b62b[1]
„За посветло лице! Маска за избелување на лице“

Притоа, животните комуницираат на еден универзален јазик кој е разбирлив за секој потрошувач, што ги претвора во најуниверзалната рекламна метафора која свири на тенките жици на емоциите во секој од нас. Најголемата и непроценлива предност на животинските фацки во рекламирањето е дека тие брзо стануваат популарни и веднаш се истакнуваат од едноличниот рекламен поток. Поновите истражувања покажуваат дека речиси сите рекламни кампањи и пораките што ги испраќаат си личат една на друга како две капки вода, а тоа го збунува корисникот кој веќе има потешкотии да ги разликува производите. Животните во рекламата, од друга страна, се пријателот од детството за кој сите сонуваме, кој беспрекорно нè води во длабоките води на рекламниот свет и ни зборува на разбирлив јазик.

Животните во адвертајзингот се користат уште откако постои овој вид комуникација, но во последните години се забележува вистински бум, поврзан директно или индиректно со “зелената” мода која ја нагласува заштитата на животната средина и растителниот и животински свет. Овој зелен бран не ја одмина и рекламната индустрија и маркетингот, иако една од првите компании кои трајно го воведе овој моден тренд на зборување со публиката преку ликот на животните, е пивото Budweiser и нивниот незаборавен гуштер. Денес пивото е еден од регресивните производи на светскиот пазар, па затоа Budweiser се трудат да потсетат на минатото, кога луѓето пиеја по неколку пива и потоа правеа лудории. Гуштерот, како едно древно суштество, го симболизира токму тоа (барем според Budweiser).

Списание Deutch
Списание Deutch

Генерално, животните масовно влегуваат во адвертајзингот во почетокот на XX век. Денес животинското царство го гледаме во сиот свој сјај, но прирмарно се нагласуваат животните што се најпопуларни и најблиски до луѓето – кучиња, мачки, коњи и домашни животни… група во која подоцна ќе се приклучат и други, атипични и егзотични претставници на животинскиот свет. Не недостасуваат и примери кога едно животно станува лого или заштитен знак на цела една марка. Во почетокот на 80-тите, на пример, американската компанија за чевли Hush Puppies за свое рекламно лице го избира „добродушниот“ Басет (раса куче со долги уши) и така станува еден од најпознатите и најпопуларните брендови за чевли со светот: луѓето почнуваат да ставаат знак за еднаквост помеѓу кучињата од расата Басет и брендот Hush Puppies.

Големите компании што се одлучуваат на рекламна кампања со животни, ретко остануваат на една реклама – обично прават цели серии со нив. Доволно е да се погледне само еден рекламен блок и да се увиди дека главната ѕвезда е некое забавно или интелигентно животно – во околу половина од рекламите. Со тоа, адвертајзингот прерасна во најголемата и најдостапна зоолошка градина во светот.

Макар што животните се универзални рекламни лица, дури ни тие не можат да ги покријат различните и на моменти непостојани барања на публиката. Животните не се погодни за рекламни лица на поконзервативните брендови, на пример. Слатката животинска муцка може да оддаде непотребна леснотија и несериозност, што не е препорачливо ако сакате да наметнете респект кај својата целна публика.

Животните не се кловнови. Лига за заштита на правата на животните на Португалија.
Животните не се кловнови. Лига за заштита на правата на животните на Португалија.
- Реклама -