Животни правила на руски хирург кој живеел 104 години: Придржувајте се до нив и ќе бидете здрави

Фјодор Углов, руски хирург, писател, доктор на медицински науки и професор, имал посебни правила до кои се придржувал во текот на животот.

Благодарение на нив, Углов живеел 104 години и водел многу активен живот, а еве кои се тие:

Добрите дела и добрите мисли даваат долговечност – тоа е несомнено точно. Многу болести настануваат од стресот, а добрите мисли и дела нè штитат од него.

Физичката и интелектуалната работа се корисни бидејќи нè одржуваат во живот – ако не ги користиме мускулите, тие ќе почнат да атрофираат. Мозокот е исто така мускул – ако престанеме да работиме со главата, и мозокот постепено ќе престане да работи.

Секојдневното вежбање и физичката активност го продолжува животот за неколку години

Нашето тело се регенерира преку хормонот за раст – регенерацијата нѝ овозможува подолг живот, а за тоа нѝ е потребен хормонот за раст. Овој хормон најмногу се произведува додека спиеме. Всушност, кога спиеме – не јадеме, а тоа значи дека дури и гладувањето одвреме-навреме е многу корисно бидејќи овозможува лачење на хормонот во големи количини.

Најголема грешка е ако јадете ноќе – со тоа само ги таложите масните наслаги. Најдобро е кога ќе почувствувате дека почнувате да огладнувате, да си легнете и да се обидете да заспиете.

Сите треба да јадат овошје во големи количини – тоа ќе ви го обезбеди неопходното здравје.

- Реклама -