Франција ќе плаќа хотелски соби за жpтвите на домашно нacилство и ќе отвори советувалишта, но и пунктови на кои жените ќе можат да се пожалат и побараат помош. Ваквите мерки следуваат откако бројките покажуваат значителен пораст на случаи на семејно нacилство откако трае карантинот против ширење на Ковид-19.
Како што најави министерката за родова еднаквост – Марлен Шчиапа, околу 20 центри ќе бидат отворени во хипермаркетите во земјата, со цел да можат жените полесно да стапат во контакт со службите. Освен тоа, владата ќе одвои и дополнителен милион евра за организациите вклучени во борбата против семејното нacилство.
Иницијативата е воведена откако владата соопшти дека кон крајот на минатата недела бројот на пријавени случаи на семејно нacилство во полицијата пораснал за над 30% откако се воведени рестриктивните мерки против ширење на епидемијата – 36% во Париз и 32% во остатокот од Франција. Пријавени се и две yбиcтва.
Активистите и претходно предупредуваа дека карантинските мерки ќе доведат до скок во домашното нacилство и ќе им отежнат на жpтвите да побараат помош. Марлен исто така предупреди дека целосниот карантин (дозволено е излегување само за пазарење, купување на лекови, посета на доктор, вежбање или за прошетка на домашен миленик) ќе биде „плодна почва за нacилство“. Според неа, Франција ќе плати до 20.000 хотелски ноќевања за да можат жpтвите да избегаат од своите насилни партнери.
Што се однесува до центрите за советување и пунктовите, Марлен објаснува дека најважно е да се зголемат точките каде жените, односно жpтвите, или нивни роднини и познаници, можат да остварат контакт со службите.
Претходно Франција започна уште една ваква иницијатива, поставувајќи пунктови по аптеките и испраќајќи апели жpтвите да не се двоумат да го пријавуваат семејното нacилство.
Ваквиот потег следуваше по примерот на Шпанија, каде жените можат да отидат во аптека и да побараат „Маска 19“, што е шифра по која аптекарите ќе ги контактираат надлежните и ќе побараат помош.
Извор: Al Jazeera