Жител на Менхетен, Антон Пурисима (62), тужи пекара во Њујорк, две локални болници и една сопственичка на куче, барајќи да му се исплатат 2.000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000, долари, односно, секстилион долари.
Тој во тужбата вели дека е оштетен, при што е дојдено до кршење на неговите граѓански права, како последица на повреда, дискриминација на национална основа, одмазда, злоставување, обид за убиство, намерно емоционално злоставување и здружување со цел на измама.
62 годишниот жител, решил да се застапува сам, а она што го поседува како доказ е дека го каснало куче за прстот во текот на возење во автобус, како и фотографија од болница.
Според него, горенаведената сума е сосема логична.