Жестокиот Мел Гибсон: Кариера на крајности

618x415[1]

Мел Гибсон старее како суров пират од средината на XVI век, или како криминален патријарх со долго минато натопено во насилство. Роден во Њујорк, живеел во Австралија и успешен во Холивуд – тој е докажан мајстор во (режирање на наизменични) подеми и падови. За време на филмскиот фестивал во Венеција, кој заврши пред една недела, Гибсон уште еднаш потсети дека е таков уникатен лик, што сакал-не сакал – те импресионира.

Со побелена брада, длабоки изрезбани брчки, лудачки сјаен поглед и бели заби пронижани низ нешто што личи на зла насмевка, мистер Гибсон потсетува на демонски негативец што може да се види само во филмовите. Мускулест и енергичен, 60-годишниот пакостник помина низ стариот град како древен воин кој долго време бил на страната на лошите.

Во Венеција Гибсон ја претстави својата амбициозна воена драма Hacksaw Ridge – што е прво негово враќање кон режијата по 10-годишната пауза. Топлото добредојде за филмот и 10-минутниот аплауз по премиерата, ги исцртаа контурите на неговото евентуално враќање во врвот на големите режисери.

Гибсон се докажа како врвен диригент на стилските спектакли од крв, мит и месо со „Храбро срце“, „Страдањето на Христос“ и „Апокалипто“. Малку живи режисери се способни да изведат жестоки сцени со виртуозниот допир на Гибсон. Тој знае каде е „епската нота“ во главите на публиката и размавнувајќи се со своите филмови, бесрамно ја свири истата.

***

Тој исто така е и алкохоличар, религиозен фанатик и има сериозни проблеми во приватниот живот, кои во еден момент се заканија дека ќе му ја откинат креативната ДНК од генетскиот базен на киното, и дека истата ќе заврши во канта.

Но Гибсон е премногу добар режисер за да го снајде таа судбина. Актерската кариера му е втемелена на солидни главни улоги, а налудничавиот лик и ѓаволестото стареење се безмалку гаранција дека допрва ќе го гледаме во секакви интересни, мрачни и свирепи улоги во помали и независни филмови.

Мел Гибсон е од оние играчи на врвот кои се премногу добро запознаени со атмосферата на дното

mel-gibson-braveheart[1]

Тој е еден од 11-те деца на религиозниот фанатик Хатон Гибсон, кој не само што уште е жив, туку и на 98 години продолжува да биде столбот на една мала, но жолчна католичка секта која тотално го отфрла авторитетот на Папата и ептен не сака Евреите.

Гибсон пак, почнува да пие на 13, а алкохоличар е уште од пред да наполни 30. Одличниот, сексуалниот магнетизам, добрата глума и имиџот на женкар со добар хумор го претвораат во една од најголемите и најпожелните ѕвезди на планетата. Но низ сето тоа време на слава и успех во 80-те и 90-те, Гибсон е растргнат од своите внатрешни демони.

Религијата и пиењето се џекпот комбинација за сензационални наслови за скандали почестени со учеството на Мел. На пијано, Гибсон се закачи со хомосексуалците и Евреите во неколку наврати и по повеќе поводи. „Не требаше да зборувам против хомосексуалците, но бев подмачкан со малку водка, а моите зборови потоа се вратија да ме гризат за газот“ (американска изрека) – изјави Мел алудирајќи на интервјуто што ја налути LGBT-заедницата во 90-тите години.

Во 2006-тата, Гибсон е уапсен за возење во пијана состојба, со отворено шише алкохол до себе во колата. Истата таа вечер, Мел успеа да ги обвини Евреите за организирањето на сите војни во историјата и да се обрати кон полицајката со сега веќе легендарниот израр „sugar tits“.

За 10 години, кариерата на Гибсон се врами во две крајни граници – „Храбро срце“ и „шеќерни цицки“.

Во 2010-тата, Мел веќе ја имаше подзачистено репутацијата, беспрекорно чисто се држеше во текот на третманот од алкохолизам, а им се извини и на сите можни малцинства. Но тогашната негова девојка – Оксана Григориева, објави записи на кои камен-пијаниот Мел ѝ посакува да биде силувана „од глутница црнци” и објаснува дека ќе ја запали куќата, но само откако таа орално ќе го задоволи.

И ете го, новото лично „апокалипто“ на Гибсон, кој повторно скокна во тавче со сензационалистичката жолта штампа. Со Hacksaw Ridge и патот до Венеција, одново го почнува обратниот пат кон најпрестижните културни редови.

Волкот си е волк

Mel-Gibson[1]

Ама Мел Гибсон е Мел Гибсон дури и во Венеција, каде во интервју за Deadline, тој без напор плукна уште еден квалитетен цитат, нарекувајќи го блокбастерот „Бетмен против Супермен“ – „piece of shit“.

Само што овојпат никој не му се лути, барем не мнозинството од фановите на киното, особено откако обелодени дека го снимил Hacksaw Ridge со буџет од 27 милиони долари, а Apocalypto со околу 30 милиони. Нормално, тоа не можеше да помине без Гибсон да признае дека смета дека филмовите што чинат над 200 милиони долари едноставно не го заслужуваат своето постоење.

„Ги гледам и си ја чешам главата. Навистина сум збунет од тоа. Мислам дека има многу отпад, но можеби ако и јас правев од оние ствари со зелен екран, ќе мислев поинаку“.

***

Најспектакуларните проблеми на Гибсон го прават уште поинтересна фигура. Алкохоличар, фанатик и епик режисер – не само што Мел одбива да се тргне од автопатот, туку и нагазува на педалот за гас исто како што газеше во филмот што му овозможи вечна попкултурна бесмртност – „Лудиот Макс“.Mad-Max-2-Mel-Gibson-h2[1]

- Реклама -