Жештините ризични за граѓаните, се случуваат колапси, вртоглавици…

Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на копласи на јавни места независноста од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност… Се препорачува излегување надвор од домот во утринските часови и доцна попладме, да се носи лесна облека, да се консумираат многу течности и лесна храна.

„Имаме доста колапси на јавни места, независно од возраста. Треба да се почитуваат препораките за носење лесна облека, пиењето терапија за хронично болните, да не се излегува на сонце по 11 часот и така натаму“, изјави Драган Панов, доктор во Итната медицинска помош во Скопје.
Помош и совети бараат и постари, но и млади лица. Се случувало помош да побараат млади кои се истуширале, па веднаш заспале под клима. Една од препораките е и да не се практикува ова – климата, советуваат, да не дува директно во граѓаните.
Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова смета дека горештините си го прават своето и поради наглите промени, вжештувањето, има нарушување во циркулацијата кај луѓето.
Има вртоглавици, варирање на крвниот притисок, наброја меѓу другото таа, додавајќи дека кај некои лица, на кои високите температури не им одговараат, се јавува и вознемиреност.
Препораки на лекарите се да се јаде умерено, да се практикува излегување во раните утрински часови и доцна навечер, да нема големи температурни разлики кога се преминува од затворен во отворен простор зашто тоа е вистински шок за човековиот организам. Да се внесува повеќе вода, да се избегнува алкохол. Да не се пијат доста студени пијалаци, со по четири или пет коцки мраз.
„Треба разладување, но, не во голема доза“, истакна Чолакова Дервишова.
Од УХМР за денеска најавуваат дека температурата ќе се движи до 36 степени, додека за утре се најавуваа највисоката да биде до 38 степени, а во среда, четврток и петок на југоистокот од државата да достигне и до 39. 

Извор