Жерновски: Сите патишта водат кон Бихаќка и Заев

Не Заев кај ДУИ во Мала Речица, туку обратно, Али Ахмети ќе оди на Бихаќка кај СДСМ за да преговара за влада, порача меѓу редови денеска на Фејсбук заменик-министерот за надворешни работи – Андреј Жерновски.

„Сите патишта водат кон Бихаќка и Заев. Кога ќе се прочитаат Уставот, законите и изборните резултати, вистината е само една – сите патишта водат кон Бихаќка и Заев. Сѐ друго е приказна за големи деца и мали политичари“, напиша Жерновски.

Неговиот статус е практично одговор на претходната изјава на лидерот на интегративците – дека „сите патишта водат кон Мала Речица“. Прашан што ќе се случи ако СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе победат на изборите, не го прифатат Насер Зибери за премиер, Ахмети рече:

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

„Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на Обединети нации“…

- Реклама -