Женски боречки клуб

Повеќе... Заборавете на WWF и на мексиканскато „lucha libre“, вистинската акција во ринговите е во Боливија. Овие жени облечени во традиционалната боливиска облека ќе ги засрамат мажите со своите импресивни боречки вештини во рингот.

Заборавете на WWF и на мексиканскато „lucha libre“, вистинската акција во ринговите е во Боливија. Овие жени облечени во традиционалната боливиска облека ќе ги засрамат мажите со своите импресивни боречки вештини во рингот.

 

34yhtrgfdfgvd.jpg
Во неделите навечер овие жени познати како Cholitas го заработуваат својот џепарлак и заслужената слава на вистински ѕвезди во ринговите во Боливија. Нивните обожаватели со нетрпение чекаат да започне мечот во кој ќе навиваат за своите фаворитки.
21bolivia_skirts.jpg
bolivian_cholita_wrestlers_1.jpg
21bolivi_winner.jpg
Ana Polonia Choque  е мајка на две деца и успешен сопственик на бижутерија, меѓутоа во рингот таа е непобедливата Carmen Rosa или „Шампионката“. Таа заедно со Yolanda Amorosa или попозната како „Саканата“ ја оформиле оваа женска боречка асоцијација која има тренинзи двапати неделно и боречки настапи секоја недела. 
21bolivia_belt.jpg
Нејзиниот маж најпрво бил скептичен гледајќи како навечер неговата сопруга се враќа дома целата во модрици, меѓутоа кога увидел со колкава љубов таа е посветена на своето хоби почнал да доаѓа на сите нејзини мечеви и да ја поддржува во нејзиниот многу напорен тренинг. 
21bolivia_machine.jpg
Во конзервативна земја како што е Боливија овие жени се пример како се рушат стереотипите, според Carmen Rosa, основачката на  федерацијата, она што ги потикнало Cholitas жените да бидат членки на овој боречки клуб е дискриминацијата во минатото, па на овој начин тие сакаат да им покажат не само на луѓето во Боливија, туку и во целиот свет, дека жената може да ги прави истите работи како и мажот, а сепак да остане вистинска жена. 
{youtube}YFXSsoyLpLg{/youtube}

 

- Реклама -