Жените постојано водат сметка за актуелните модни трендови. Токму поради тоа често експериментираат со комбинациите кои не поминуваат најдобро кај мажите.
Постојат женски парчиња гардероба што мажите просто не можат да ги поднесат. Еве што на припадниците на посилниот пол не им изгледа воопшто секси:
UGG чизми
Толку им се грди што не им е важен фактот дека се удобни и дека греат во зимските денови. Нивната појава едноставно не им е прифатлива.
Балетанки
Како што во зима не може да ги поднесат UGG чизмите, така во лето не ги сакаат балетанките. Ниту им се женствени, ниту секси. Тие се сѐ само привлечни не во машките очи.
Фармерки на трегери или комбинезонки
Кога фантазираат за нивната сакана, фармерките со трегери се последната работа во која ја замислуваат. Премногу ги потсетуваат на работници од градилиште.
Шалвари
Мажите никако не може да сфатат што е тоа што жените го сакаат кај широките панталони. Ги прават дебели, не ја истакнуваат женската фигура и толку им се грди што би ги уништиле до последно парче.
Хеланки
Според широко признатото машко мислење, жените кои носат хеланки изгледаат евтино. Особено кога зборуваме за оние шарените или не дај боже бели.