Научниците открија како физичката конструкција на жените може да влијае на нејзиното однесување со интимниот партнер. Излегува дека дамите со пошироки колкови не се особено постојани во односите со партнерот.
Истражување на оваа тема беше објавено во списанието “Archives of Sexual Behavior”, а истото покажува дека жените со пошироки колкови водат поактивен сексуален живот.
Тие сепак не можат да се пофалат со верност и се посклони кон секс за една ноќ и честа промена на партнерите.
Во истражувањето учествувале 148 жени на возраст од 18 до 26 години, кои претходно имале барем еден сексуален партнер. Експертите ги измериле ширината на колковите и половината. Жените поминале низ специјален прашалник поврзан со бројот на сексуални партнери, возраста на која ја изгубиле својата невиност и нивното мислење за сексуалните партнери.
Податоците покажуваат дека бројот на сексуалните партнери на жената и врските кои ги имала се определуваат во голема мера од ширината на нејзините колкови.