Жените, расположението и сексот

women_sexppСпоред новите истражувања, месечните промени на расположението можат да
им помогнат на жените да останат бремени. Тим американски научници
открија дека варирањата во нивоата на женскиот полов хормон естроген
влијаат на реакциите од мозочниот „систем за наградување“, при што
максимумот се доживува во првата половина од менструалниот циклус.

women_sexСпоред новите истражувања, месечните промени на расположението можат да им помогнат на жените да останат бремени. Тим американски научници открија дека варирањата во нивоата на женскиот полов хормон естроген влијаат на реакциите од мозочниот „систем за наградување“, при што максимумот се доживува во првата половина од менструалниот циклус.

Системот го диктира количеството задоволство што се постигнува од различни активности, или сексуални односи или јадење чоколадо.

„Зголемената активност на мозочниот систем за наградување во тоа време може да го зголеми очекувањето и уживањето во сексуалната активност“, вели д-р Карен Берман од Американскиот национален институт за ментално здравје, која работеше на студијата објавена во рамките на Националната академија на науките.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Тоа првпат покажува дека женските хормони влијаат на системот на наградување на мошне специфичен начин за време на одредени делови од циклусот“, додава д-р Берман, која нагласува дека резултатите не значат дека жените се поемотивни или почувствителни на хормоните отколку мажите.

Во студијата беа опфатени жени кои играат на замислени слот-машини и беа прикажани нивните мозочни реакции, кои се менуваа во очекување на исплатата, зависно од фазите на нивниот менструален циклус. На пример, од четири до осум дена од почетокот на менструалниот циклус мозочните делови орбиофронтален кортекс и амигдала биле поактивни.

Тоа би можело да помогне во објаснувањето на другите студии кои покажуваат дека жените добиваат поголема стимулација од кокаин и амфетамини во текот на раните фази од циклусот на плодност, додаваат истражувачите. Покрај тоа, може да даде увид зошто жените се помалку чувствителни на шизофренија отколку мажите.

 

виа. 

- Реклама -