Жените дефинираат: Кој пенис е убав пенис?

Можете да се грижите околу големината колку сакате, но на крајот, жените се тие што одредуваат што е добро, а што не.

Иако мажите нема да признаат, не се баш самоуверени и прилично многу се грижат околу тоа дали нивниот пенис изгледа доволно убаво. Затоа, швајцарските научници собраа купче дами и ги прашаа какви пениси најмногу им се допаѓаат.

Изненадувачки е можеби фактот што судејќи по одговорите, на жените речиси воопшто не им е важна должината и дебелината, туку пред сé општиот впечаток што машкиот „алат“ ќе им го остави. Така на пример, на жените им е мошне важно во каква состојба се срамните влакна и кожата во оваа деликатна област од машкото тело.

Обемот на пенисот е на четвртото место на приоритети, а должината е дури шеста, веднаш зад обликот на главата на пенисот (на петтото место). На претпоследната скала на важност, жените ја сместија големината и обликот на тестисите.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Меѓу другите нешта што не им се важни на жените е и точната позиција на отворот на уретрата. Со други зборови, мажите кои имаат малку „изместен“ отвор за мокрење, апсолутно немаат потреба за грижа. Дури ни момците што имаат хипоспадија (излез на мочната цевка т.е. уретрата на необично место, некогаш дури и вон главичката) можат да здивнат.

Сумирано, дури и кога ќе се земат сите фактори во комбинација со резултатите од сите 105 дами кои учествувале во студијата, се добива дека не постојат универзални фактори кои ја дефинираат убавината на машкиот орган. Ако не и се допаѓа на една, ќе и се допаѓа на друга. Како што велат, „убавината е во окото на оној кој ја гледа“.

- Реклама -