Жената што заслужи, но нема да добие Оскар во 2018-та

Сигурно веќе знаете, но во многу делови од светот луѓе се спремни буквално да ви рипнат на хауба за да ве наместат дека сте ги удриле со кола и потоа да ви земат оштета, особено ако има сведоци и ве убедат „да се спогодите“ на лице место. Вакви случаи имаше и на времето во Македонија, но не само во ромските маала; лично познававме деца/тинејџери што го имаа правено колку за евентуално да изнудат по 500-1000че (денари, во тоа време за дете беа куп пари) од возачот кој е спремен да си плати за раатот иако знае дека не е виновен.

Феноменот беше популарен и во Русија, но тоа се смени со широката употреба на камерите во кола. Во Јапонија, меѓутоа, и покрај камерите, луѓе упорно продолжуваат да рипаат на хауба. Тоа е толку распространето, што Јапонците имаат посебен термин – „atariya“, или грубо преведено – „специјалисти за удари“.

Така стигнуваме до видеово, кое веројатно го претставува кремот од целиот тој апсурд. А глумата? Глумата е вредна за ништо помалку од Оскар. За жал, Американската филмска академија абер нема во препознавање на вистински таленти. Они уште се палат на Мерил Стрип…

 

- Реклама -