Жонглирање со бебиња (видео)

Жонглирање со бебињаОва што сега ќе го видите се нарекува „Бебешка јога“. Жената која ги „вежба“ бебињата се вика Лена Фокина и таа стана сензација на интернет во изминативе неколку дена. Останува прашањето – дали некогаш би го испратиле вашето бебе на „вежбање“?

Иако ова видео достигна вирални димензии за многу кусо време, YouTube го отстрани видеото, затоа што истото било во спротивност со нивната политика на користење, т.е. ги прекршувало правилата за „шокантни и одвратни“ видеа.

Лена денес живее во Египет, а се враќа во родната Русија за време на летата. Таа држи часови по јога, а она по што е најпрепознатлива се вежбите од „бебешката јога“. Во изминативе неколку дена имаше многу превирања околу тоа дали ова видео е вистинско или пак монтажа, затоа одвојуваме дел од интервјуто со Лена, во кое се говори токму за овие необични вежби:

– Кога луѓето овде првпат го видоа видеото, сите помислија: „По ѓаволите!“ Потоа се запрашаа дали е вистинско или не? Па, дали е вистинско и кое е бебето?

Детето е родено во областа на Црното Море. Се вика Платона. Беше стара две недели кога го снимивме видеото. Тука има многу бебиња како неа. И сите рано почнуваат да читаат, да пеат, да зборуваат, да пливаат. Немате видено нешто вакво, никаде. Со нив, пливаме со делфини, нуркаме… Дојдете во Дахаб!

– Рано започнуваат да читаат, пливаат, зборуваат поради бебешката јога?

Не само тоа. Тоа е една од причините.

– Што друго ги прави толку талентирани?

Меѓусебната љубов на која ги учиме.

– Знаеш ли дека YouTube го отстрани видеото заради прекршување на политиката?

Дали тие видоа дека бебињата не само што не плачат и не се повредени, туку и се смеат. Оваа техника се практикува во Русија преку 30 години. Ако им е потребен поцврст доказ, треба да дојдат овде и да нѐ видат.

– Ти се обратиле луѓе кои се вознемириле од видеото?

Сите во Дахаб се задоволни. Што е уште поважно, британска филмска екипа направи документарец за нас и ги интервјуираше задоволните родители.

{youtube}F6IHjSJfunk{/youtube}
[DadWagon Q&A: Exclusive Interview with Baby Yoga’s Lena Fokina]

- Реклама -