Жена се омажи за панорамско тркало!

„Љубовта не познава граници“, „Љубовта е слепа“, „Срцето не бира“… Па така, жена од Флорида се омажи за панорамско тркало. И не, не се работи за некаква контроверзна идеја на некоја уметница. Иако Флорида го забранува дури и истополовиот брак, Линда и нејзиниот сакан – Bruce the Skydiver, се венчаа лани, а на почетоков на годинава одново се заколнаа на вечна љубов, овој пат пред неназначен свештеник, кој ги врза „месо за железо“. Очекувано, Bruce немаше приговори.

Linda-Ducharme1-550x309  1

Ако помисливте „Оваа е болна!“, во право сте. Жената има медицинска состојба позната како objectum sexuality, што значи дека има тенденција одредени објекти да ги смета за потенцијални љубовници. Имено, пред Bruce, Линда била во врска со воз и со хеликоптер, а нејзината љубов стигнала дотаму што барала работа согласно со избраниците, за да биде поблиску до нив. Оттаму, Линда е и пилот и кондуктер. За жал, љубовта меѓу неа и локомотивата била преголема, па кога претпоставениот ги фатил „на дело“, Линда била отпуштена од работа.

Linda-Ducharme21-550x309 2

Сеедно, таа за прв пат го запознала Bruce the Skydiver во 1982-та. „Го добив она чудно чуство што не можам да го објаснам. Додека се качувавме на платформата, срцето ми лупаше толку силно и се чувствував како целата да му се предадов на панорамското тркало“.Како и во секоја голема љубовна приказна, мајката на Линда не се согласила со љубовната врска. „Реакцијата на мајка ми беше надвор од сите граници. Таа е многу религиозна личност. Според неа, јас бев грозотија во очите на Господ, па таа сакаше да го поправи тоа… Сериозно веруваше дека сум опседната од демон”.

Но, љубов е љубов, па Линда избегала од дома и се придружила на патувачкиот карневал, добивајќи шанса за малку нежности со Bruce во студените ноќи. И тогаш, 3 години подоцна, Bruce бил уништен од бура, па морал да биде однесен на поправка во Канзас.

Линда се почуствувала издадена од среќата, напуштена и страшно осамена, па западнала во сериозна депресија. Но, судбината имала друг план, па 25 години подоцна, еден од нејзините пријатели го нашол Bruce на еден отпад. Линда со трчање (со автомобил) ги поминала 4800-те километри, носејќи со себе пица, бидејќи, како што вели таа, „Bruce може да ја намириса пицата и еве ја љубовта на неговиот живот како му се враќа, згора на тоа со парче пица“. Иако не бил во најдобра форма, сепак бил стариот Bruce, па жената го вратила дома, го реновирала, и се разбира, го венчала. „Целта ми е да остарам со него.  Можеби ќе успееме да купиме парче земја каде што ќе можеме да бидеме целосно сами“ – вели среќната невеста со насмевка на лицето. Мора да признаеме, сепак е подобра љубовна приказна од Twilight.

- Реклама -