Жена од Долна Бањица повредена при гаснење на пожар

На 13.06.2024 во 15.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека Џ.И.(56) од гостиварска Долна Бањица, при гаснење на пожар во помошна просторија, се здобила со изгореници на двете раце, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

Извор