86 хетеросексуални жени-доброволки во Онтарио биле поделени на групи од две – или со пријателка, или со непозната – и поведени во лабораторија на Универзитетот “Макмастер”, каде научник им објаснува дека ќе учествуваат во истражување за пријателствата меѓу жени.
Наскоро сепак “истражувањето” исценирано е прекинато од појавата на уште една жена.
Половина од учесничките биле прекинати од слаба, руса, привлечна дама со коса собрана во пунџа, облечена во едноставна сина маица, која научниците ја нарекуваат “конзервативниот соученик”.
Другата половина се наоѓаат во друштво на “секси соученик” – истата жена која носи кратко црно фустанче со длабоко деколте, чизми и нејзината коса е пуштена за секси емитување.
Трејси Вајнкур, професорка по психологија на Универзитетот во Отава, и доктор Анчал Шарма ја проценуваат реакцијата на жените, откако двете “соученички” ја напуштаат просторијата. Методот што тие го користат?
Скала што мери “колку се кучки” жените и како реагираат.
“Зошто “кучки”? Затоа што тоа е поимот што луѓето го користат. Ако побарам од некоја од жените да го опише она што го видела, таа би рекла дека почувствувала однесување на” кучка “, вели еден од истражувачите.
Учесничките биле на приближно иста возраст – од 20 до 25 години. Набљудувачите после упадот на жената во двете групи ги надгледувале знаците од типот на погледнување кон таванот, поглед кон “соучениците” од глава до пети, саркастична смеа.
Една жена изјавила дека секси соученичката била облечена провокативно, само затоа што ќе има секс со професорот. Во друг случај дури една учесничка не почекала секси жената да ја напушти просторијата, пред да извика “Што се случува, по ѓаволите ?!”
“На пример, последново беше 10 од 10 на скалата на однесувањето на” кучка “коментира Ваенкур.
Она што го воспоставуваат Вајнкур и Шарма, според објавениот извештај во изданието Aggressive Behavior, е практично јасен знак дека секси соученичката не би освоила нови пријатели во женските кругови во догледна иднина.
Жените е многу поверојатно да се однесуваат “како кучки” со секси соученичката – речиси двојно повеќе отколку со другата жена; нивната реакција од типот “кучка” е нагласена кога учесничките се со свои пријателки, а не во друштво со непознати.
Вајнкур отсекогаш се интересирала за малтретирањето и популарноста, но за неа тоа покажува дека жените имаат тенденција да се мразат и да плукаат една со друга, само затоа што изгледаат склони кон промискуитет.
Клиничкиот поим за женско однесување од типот “кучка” е “индиректна агресија”. Тоа е реална агресија во која не сакаме да бидеме фатени.
“Обично истата се манифестира на таков начин што нема да биде откриена”, објаснува истражувачката во извештајот.
“Или пак барате оправдување за своето однесување, познато како “Само се шегувам”, додава таа.
Директната агресија, за разлика од тоа е физичка или вербална, директно насочена кон некој.
Психолозите Рој Бавмајстер и Џин Туенџ исто така теоретизираат дека жените, а не мажите, како целина се оние кои ја инхибираат меѓусебно сексуалноста, донекаде преку овој вид индиректна агресија.
“Научните теории оддаваат предност на ставот дека жените се стремат да ја ограничуваат меѓусебно сексуалноста, бидејќи сексот е ограничен ресурс кој жените го користат за преговарање со мажите, а недостатокот од истиот ги става “понежните” во попривилегирана позиција”, пишуваат тие.
Некои може да тврдат дека е логично жените во предавалната да се однесуваат лошо со провокативно облечената жена.
На крајот на краиштата тоа е универзитетска средина, и одеднаш влегува натрапник, чии “цицки директно беа ставени на послужавник”, коментира една учесничка.
Крајно несоодветно, нели?
Затоа Вајнкур прави уште еден експеримент во кој само им покажува на учесниците во истражувањето три слики: две од нив ги вклучуваат конзервативно облечената и секси жената, а друга ја покажува секси жената чии што тело и лице се променети по дигитален пат, за таа да изгледа подебела.
Потоа Вајнкур повикува различна група жени да коментираат дали би сакале да бидат пријателки со жената на сликата, да ја запознаат со својот партнер, или да ја остават да помине некое време насамо со него.
Учесничките генерално одговараат со “не” и на трите прашања – како за дебелата, така и за слабата секси жена.
Има речиси три пати поголема веројатност да ја запознаат конзервативно облечената жена со дечкото, отколку кога станува збор за слабата секси жена.
Според Вајнкур тоа покажува дека жените “се чувствуваат заплашени, не ги одобруваат и ги казнуваат жените кои изгледаат или се однесуваат како да се склони кон промискуитет”, независно од нивната тежина.
Истражувањето на Вајнкур е скромно по обем, но е едно од првите кои демонстрираат лепење на етикети и во експериментален контекст.
Жените сепак не се справуваат многу добро и во претходните истражувања во врска со индиректната агресија.
Дополнителни истражувања покажуваат дека студентките е поверојатно да озборуваат некој за кој се шпекулира дека ја поткопал сопствената репутација.
Жените се со поголема веројатност да градат социјални сојузи и потоа да се справуваат со закани преку социјално исклучување, наместо на пример, преку тепање на други жени. Девојките е поверојатно да ги исклучуваат новодојдените, или да се спријателуваат со некој, со цел одмазда.
Во студија од 90-тите години психологот од Универзитетот во Тексас, Дејвид Бас констатира дека жените се борат со својата природа за парење на два начина:
Прво – факторот “курва”: ширење на гласини дека конкурентката е “лесна”, спиела со многу партнери и генерално и е потребна краткорочна стратегија за избор на партнер.
Второ, физички изглед: приказните дека жената е грда, има дебели нозе и сите други злонамерни коментари за изгледот на конкурентките и нивниот начин на облекување, од родот на носење на длабоко деколте или кратко здолниште “.
Во својата книга “Еволуцијата на желбата: стратегии за парење кај луѓето”, Бас тврди дека жените го прават тоа, бидејќи во еволутивниот план оние кои биле склони да имаат необврзувачки секс, ги поткопале целите на кандидатките кои целат кон долготрајни врски.
Нивното “нарушување на угледот” соодветно цели кон тоа да им наштети на угледот на овие “слободни” жени.
Вреди да се напомене дека жените (и мажите) не секогаш свесно ги осудуваат своите конкуренти во обидите за додворување на партнер.
Истражување од 2010 во изданието Personal Relationships констатира дека нема посебна разлика меѓу половите како стратегии кои се користат за привлекување на партнер. Постарите жени воопшто не се толку индиректно агресивни кога станува збор за романтични ситуации, колку оние помеѓу 20 и 30 години.
“Не би се грижеле од некој кој е облечен така”, вели Вајнкур, алудирајќи на соучесничката со попрималива облека. “Но ако имав 20 години, веројатно ќе се грижев донекаде”.
Осудувањето на “најлесните жени” е и фундаментална компонента во уметничката литертура.
Ана Каренина паѓа од високата позиција во општеството поради нарушување на угледот. Да не ги спомнуваме илјадниците романтични комедии каде „грдото пајче“ е најомаловажувано во училиштето, но кога подоцна ќе направи трансформација, мажите ја сакаат, а жените ја мразат. „Малена“ со Белучи е уште еден од многуте посериозни филмови што отвораат слична тема.
Многу од неодамнешните медиумски наслови за истражувањата врз индиректната агресија кај жените тврдат дека жените “еволуирале” до такво однесување.
“Зошто овие жени го прават тоа? Мислам дека постојат многу начини на кои ќе објасниме”, вели Агустин Фуентес, претседател на одделот по антропологија на Универзитетот “Нотр Дам”.
“Во нашето општество, ако ви биде даден избор меѓу две слики, ќе кажете:” Не сакам мојот маж да е до жената со краткото здолниште”, но тоа не е затоа што во еволутивна смисла тој е поверојатно да ве изневери со девојката со краткото здолниште “.
Агустин вели дека и покрај тоа и други истражувања покажуваат колку важен е физичкиот изглед за начинот на кој жените реагираат една на друга, но како човештво влечеме премногу културен багаж, за да тврдиме дека сето тоа произлегува од нашите претци – приматите.
Во неодамнешна студија Ен Кембел, психолог од Универзитетот во Дурам, Велика Британија, констатира дека младите жени имаат тенденција да користат индиректна агресија во поголема мера од помладите мажи, делумно бидејќи ова е социјално прифатлив начин жените да се натпреваруваат.
Сепак и Кембел нагласува дека е тешко да се процени дали овој феномен е еволутивен или културен процес. Според него и мажите се напаѓаат едни со други, на полето на ресурсите.
Пред 7-годишна возраст, по зборовите на Фуентес, момчињата и девојчињата се подеднакво директно агресивни.
По детството сепак станува помалку прифатливо жените да се удираат една со друга, така што тие стануваат доста индиректно агресивни (или “кучки”), додека мажите продолжуваат со традиционалната директна агресија. Во моментот кога луѓето достигнуваат работоспособна возраст, според Фуентес, нивоата на индиректна агресија меѓу половите се изедначуваат.
“На 15 години може да се дозволи директна агресија без премногу последици”, вели тој. “Но на 25 е веројатно да се најдете во затвор”.
Всушност Бас констатира дека мажите исто ги “плукале” конкурентите – само што имаат тенденција да ги навредуваат за недостатокот на пари или статус – работите кои жените традиционално ги ценат кај партнерите, а не за физичкиот изглед.
Тие не ги лепат етикетите на истиот начин, коментира Бас, бидејќи жените имаат тенденција да излегуваат со промискуитетни мажи.
“Мажите навредуваат други мажи за работи кои жените ги ценат (главно поврзани со заштитата, ресурсите и статусот), а жените го прават тоа во однос на другите жени за работи кои мажите ги ценат (сексуална верност и физичката привлечност)”, вели тој.
Истражувањата на студентите често се отфрлаат како недоволно репрезентативни за реалниот живот, но во овој случај возрасната група е прилично точна.
Медиумите се полни со материјали за тинејџерки и жени кои дури и се самоубиле откако биле наречени “курви” од врсниците.
Можеме ли да направиме нешто во однос на трендот на жените да се однесуваат една кон друга сурово?
Иако постои скептицизам дека овој вид на однесување ја одразува еволуцијата, Фуентес сепак вели дека истражувањето е интересно, бидејќи покажува дека индиректната агресија е многу реална и може да биде стимулираната дури и само со слика.
“Овие социјални конструкции се реални за нас”, вели Фуентес, “Ние сепак можеме и да ги промениме”.
Злобата и штети на самопочитта на жртвите, но Вајнкур тврди дека ако ја осознаваме подобро, можеме да ја поттиснеме.
“Истражувањата покажуваат дека ако го промените знаењето за однесувањето, го менувате и самото однесување”, коментира таа. “Ова однесување штети. Луѓето паѓаат во депресија, ако бидат нападнати на овој начин”.
Бас не е толку оптимист и вели дека не е лесно да се промени нешто што преку еволуцијата или привикнувањето се претворило во инстинктивен рефлекс.
Според него проучувањето на “симптомите на кучката” е една од областите во кои мажите можат да помогнат, наместо едноставно да бидат предмет на конкуренцијата.
“Единствениот начин на кој ова може да се промени, е ако мажите престанат да ја ценат сексуалната верност и физичката привлечност кај долгорочните партнерки”, појаснува тој.
Со еден збор: човечката природа понекогаш е ужасна кучка.